ЗАПОЧНУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦА „ОХРИДСКА БРИГАДА“

Надлежните служби на Општина Охрид, денес започнуваат со градежни активности за реконструкција и асфалтирање на ул. „Охридска Бригада “ во должина од 527 метри. Во рамки на градежните активности предвидено е замена на стариот тампон со нов, вадење   на стариот асфалт и асфалтирање по целата должина  на улицата. Проектот е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште  за 2020 година и е вреден 2 000 650 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Изведувач на  работите  е АД  „ Илинден “ – Струга.

 

Поради започнување на градежните активности надлежните служби  упатуваат апел до граѓаните  за внимателно движење на  оваа улица.

Close