(ФОТО) И денеска се отстранува урбаната опрема, шанкови и објекти во Канео

И денеска продолжи акцијата која ја спроведува општина Охрид со која се отстранува урбана опрема, шанкови и објекти од плажите. И денеска се отстранува се што е нелегално поставено во Канео.  Акцијата која започна неодамна се спроведува со полициска асистенција нема селективност.

Потсетуваме дека акцијата има силна поддршка од амбасадорите во земјава.

Инаку Општина Охрид за целата акција на почетокот само кусо информираше дека се преземаат активности за отстранување на урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро.

„Се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. По завршувањето на активностите за отстранување на овој потег од крајбрежјето, ќе се пристапи кон отстранување и на останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници, кои исто така се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во КП 1/1 Охридско Езеро“, истакнаа од Општина Охрид. 

Close