Семејството на Чулев одмора во Охрид

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев истакна дека неговата сопруга со двете деца се во министерската вила во Охрид.

„Станува збор за одделен објект од одморалиштето на МВР кое можат да го користат и вработените за службени потреби или, пак, приватно да изнајмат соба за која ќе платат паричен надомест“, истакна министерот.

Министерската вила во Охрид досега се користела од сите министри за внатрешни работи кога се пречекувале високи странски претставници, како министри, премиери, амбасадори.

фото: Архива

Close