(ВИДЕО) Бачев: Партијата „Погреб за Македонија – СДСМ и ВМРО ДПМНЕ“ го погази уставното право за еднаквост на сите партии на изборите

Партијата „Погреб за Македонија“ составена од ДПМНЕ и СДС , воведе вистинска медиумска цензура на изборите за 15 ти јули. ДПМНЕ и СДС на секој час емитувана програма на телевизиите добиваат по 6 минути, а „Единствена Македонија“ и коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија“, добиваме само 10 тина секунди, а ова си го направија со уредба со законска сила, истакна претседателот на Единствена Македонија и дел од коализијата „ „Никогаш Северна, само Македонија“, Јанко Бачев.

Бачев додава:

Партијата „Погреб за Македонија“  го погази уставното право за еднаквост на сите партии на изборите. Заев и Мицкоски се уплашени луѓе штом воведоа медиумски мрак за изборите. Устите им се полни со демократија, владеење на правото, но во реалноста работат сосема друго. Воведоја медиумска диктатура. Нервозата кај Заев и Мицкоски е голема затоа што внатрешните анкети им покажуваат дека „Единствена Македонија е најсилната опозициска партија која може да го сруши нивниот двопартизам и нивната власт.

Close