„Охридски Лето“ со молба политичките кампањи да ги заобиколат паноата на фестивалот

Фестивалот „Охридско Лето“ преку соопштение за јавноста реагира на плакатите со кои некој во текот на ноќта го лепел рекламното пано на фестивалот на плоштадот во Охрид. Соопштението го пренесуваме во целост:

НУ Охридско лето реагира на злоупотребата на политичките партии кои во изборниот период, за свои лични интереси,  го искористиле рекламното пано на Охридско лето за поставување на свои рекламни материјали. Ценејќи дека нашиот најреномиран фестивал Охридско лето не е место за политички мегдан, а уште помалку за политикантство, упатуваме апел политичките партии да ги тргнат рацете од највредниот културен настан кој има светско реноме. Развојот и успехот се единствените цели по кој стремиме и чекориме и секакво инволвирање на Установата, посебно во партиски цели, за нас  е неприфатливо. Секој обид за оцрнување значи удар врз културата која пред се треба да ни биде на листата приоритети на сите нас. А токму Охридско Лето е носечкиот фестивал преку кој се развива културниот туризам и се промовира културното наследство. Да не дозволиме дневно политичките пресметки и ситните интереси да ги надвладеат ваквите вредности.

Како национална установа ниту сакаме, ниту смееме да се да се мешаме во политичките убедувања на групи и поединци. Нема да дозволите дневната политика да биде инволвирана во работата на најреномираната Национална установа во државата.

Оттука, гестот на користење на рекламното пано на Охридско лето го сметаме како крајно непрофесионален, тенденциозен и навредлив кон Фестивалот. Воедно, најдлабоко и се извинуваме на нашата ценета публика која без разлика на партиската припадност знае да го цени квалитетот кој и го нудиме за време на фестивалските денови.

Повеќе од половина век  Фестивалот Охридско лето претставува најголема културна музичко сценска манифестација,  препознатлива не само кај нас туку и во светски рамки. Изминативе  години Фестивалот Охридско лето се покажа како еден од најмоќните двигатели на културните дострели во Република Северна Македонија. Голем број уметници, кои и денес припаѓаат на светската елита, го прогласија Охрид за свој летен уметнички дом со што го афирмираа градот во интернационалните професионални кругови. Сметаме дека токму тоа треба сите нас да не направи горди. Место за злоупотреба од страна на политичките партии ниту имало ниту ќе има. Рекламните паноа треба да служат исклучиво за програмата на Охридско лето и таа наскоро ќе биде ставено токму на истите.

Со почит

НУ Охридско лето

 

Close