(ФОТО) Сечат дрвја, кршат карпи, за да си направат паркинг – ќе ја стопира ли некој оваа појава?

Патеката во Месокастро во шумичката која води до Горна Порта прераснува во паркинг?

Граѓаните си земаат право да сечат дрвја, кршат карпа, но и растураат земја, со цел да се прошири просторот и да си направат паркинг за својот автомобил. Оваа појава изминативе денови зачести, па од ден на ден, се повеќе исечени дрвја и паркирани автомобили.

Во стариот дел на Охрид, има недостаток на паркинзи, па одредени жители си земаат право јавна површина да си ја користат постојано за паркинг, како да е нивна сопственост, па и ако некој кој не знае случајно се паркира, колата ќе си најде изгребана или со дупнати гуми.

Но, останува нејасно, зошто охриѓани и гостите, не го користат паркингот кај Горна Порта каде скоро секогаш дури и во лето има слободен паркинг.

 

 

Close