Шеќеринска со Дехари на „Охридско Лето“

Плакат на кој е Радмила Шеќеринска фотографирана во кабинетот на Фатмир Дехари пред симболите на УЧК утрово осамна на повеќе локации низ Охрид, меѓу кои и на огласната табла на фестивалот „Охридско Лето“ на плоштадот во Охрид.

Фестивалот „Охридско Лето“ заради вонредната состојба која траеше до скоро и мерките кои се на сила уште не ја има објавено програмата, па таблата се искористила за политичка активност.

Партиите пред секои избори потпишуваат кодекси но скоро никогаш не се почитуваат.

Close