Нови 176 заболени, Охрид 14 случаи а Струга 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 870 тестирања, а регистрирани се 176 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-61, Куманово-8, Дебар-1, Штип-14, Прилеп-5, Тетово-22, Струга-19, Велес-5, Битола-3, Охрид-14, Гостивар-7, Струмица-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Пехчево-1, Кичево-6, Ресен-5.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 80 оздравени пациенти од: Скопје-5, Куманово-1, Штип-18, Тетово-30, Битола-2, Гостивар-8, Гевгелија-1, Струмица-1, Кочани-8, Берово-1, Валандово-2, Кичево-1, Ресен-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6080, бројката на оздравени пациенти е 2315, на починати е 286, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3479. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•       Скопје 2951, активни 1978
•       Куманово 740, активни 283
•       Дебар 91, активни 39
•       Штип 319, активни 176
•       Прилеп 250, активни 27
•       Тетово 664, активни 367
•       Струга 214, активни 131
•       Велес 178, активни 35
•       Битола 49, активни 16
•       Охрид 163, активни 139
•       Кавадарци 14, активни 8
•       Гостивар 111, активни 62
•       Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 15, активни 10
•       Крива Паланка 15, активни 9
•       Радовиш 4, активни 0
•       Крушево 6, активни 3
•       Кочани 69, активни 24
•       Пробиштип 15, активни 10
•       Демир Хисар 2, активни 1
•       Македонски Брод 4, активни 2
•       Пехчево 6, активни 3
•       Берово 2, активни 0
•       Валандово 6, активни 2
•       Виница 3, активни 0
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 4, активни 1
•       Свети Николе 25, активни 23
•       Кичево 30, активни 25
•       Ресен 98, активни 92
•       Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 870 теста се преку: ИЈЗ –396, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –99, Биотек –74, МАНУ -153, Жан Митрев (Филип Втори) -29,  Судска медицина-0,  Систина  со PCR метода -71, ЦЈЗ Битола-28, лабораторија Лаор- 20. Досега во земјата се направени вкупно 58.765 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Фото: Архива

Close