Реализирани активности на Јавните претпријатија во изминатите 7 дена

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески на својот ФБ профил ги напиша реализираните активности на Јавни претпријатија во изминативе 7 дена:

 ЈП „Водовод“

▶️Работни активности за нова водоводна линија кај фабрика „Костал“;
▶️Санација на јавни чешми на патека кон „Горица“;
▶️Санација на дефекти на водоводна линија во близина на „Дрвара“;
▶️Активности за санација на девијација водоводна мрежа на булевар „Туристичка“.

 ЈП „Охридски Комуналец“

▶️Поставени се 15 нови садови за отпад со капацитет од 240 литри на фреквентни и лесно пристапни локации во стариот дел на градот;

▶️Работни активности за подигнување на нов тревник на реконструираната пешачка патека на булевар „Туристичка“;

▶️Завршна фаза од подготвителните активности за формирање на нови парковски содржини и хортикултурно уредување на паркот „Мазија“;.

▶️Тековни активности за уредување на јавното зеленило во селата :Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Косел, Подмоље и Лескоец.

ЈП „Нискоградба“

▶️Тековни активности за изведба на приклучоци на фекална канализација на улица „Абас Емин“;

▶️Изведба на сливници за собирање на атмосферска вода на „15-ти Корпус“;

▶️Чистење и отстранување на дефекти од мрежата на улиците „Караорман“, „Егејска“ „АСНОМ“, „Марко Нестороски“, „15-ти Корпус“.

ЈП „Градски гробишта“

▶️ Работни активности во делот на расчистување и уредување на Охридското крајбрежје, напиша градоначалникот на ФБ.

https://www.facebook.com/326491021289841/posts/624630024809271/?d=n

Close