(ФОТО) Георгиески и Адеми извршија увид на работните активности за уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро

Заедно со министерот без ресор, задолжен за дијаспората и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, Едмонд Адеми, денеска уште еднаш ја потенциравме посветеноста на локалната и централната власт во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО и имплементација на Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиески.

Градоначалникот во својата објава додава:

Извршивме увид на работните активности за уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро, каде што минатата седмица се вршеше отстранување на урбана опрема и бесправни градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план.

Во рамки на уредувањето беа ангажирани екипи на сите општински јавни претпријатија, при што се изврши подигнување на градежниот шут и несоодветниот материјал, а планирани се и активности за насипување и уредување на плажата со соодветна речна песок.

Дел од сопственици на објекти на крајбрежниот појас од населбата „Свети Стефан“ до потегот на крајбрежјето кај „Градиште“, веќе започнаа самостојно да ги отстрануваат поставените нелегални објекти на плажите. Упатуваме апел и до останатите сопственици да постапат по дадените препораки.

Процесот на отстранување на урбаната опрема и бесправните градби од крајбрежниот појас на Охридското Езеро, според планираното ќе продолжи по завршување на активностите на уредување и ќе трае се до конечно расчистување на крајбрежјето.

Posted by Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид on Friday, June 26, 2020

Close