Состојбата на парламентарните избори во Србија

Почнувајќи од седум часот гласачките места на парламентарните избори во Србија беа отворени, на кои повеќе од 6,5 милиони граѓани имаат за право да гласаат и тоа на вкупно 8.368 избирачки места.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, гласаше на избирачкото место во Нов Белград во зградата на  „Цептер интернационал“ околу 12:20 часот, тој гласаше токму тука и на предходните избори. Ги почитувал  здраствените мерки носејќи заштитна маска додека чекал во ред со голем број на граѓани.

Фото извор : www.kurir.rs

Според некои анкети главен фаворит на овие парламентарни избори е Српската напредна странка токму на претседателот Александар Вучиќ, додека пак поголемиот дел од опозицијата собрана околу коалицијата Сојуз за Србија (СЗС) поради немање услови за фер и демократски избори се реши на бојкот.

21 избирачки список на партии и коалиции ќе се борат да го поминат прагот од три проценти за да освојат места во срспкиот парламент.

Излезеноста до 12 часот изнесува 18,3 отсто, иницираат податоците на Центарот за истражување, транспарентност и одговорност, која оваа излезност ја оценија како на исто ниво од парламентарните избори во 2016 година.

Во Крагуевац избирачкото место се наоѓа во иста зграда каде има ковид амбуланта, при што надлежните објаснија дека станува збор за одвоен влез, пренесе Бета.

Републичката изборна комисија е должна официјалните резултати да ги соопшти најдоцна до 25 јуни до 20 часот.

Фото избор: www.glassrpske.com

Close