Канал 5: Владата ги прифати барањата на ДКСК за одземање на надлежностите за уривање на дивоградбите во Охрид и Струга

Владата ги прифати барањата на антикорупциска да ги преземе сите активности за одземање на надлежностите за уривање на бесправно изградените објекти во сите општини во регионот кои се под заштита на УНЕСКО.

Дали Владата ги има одземено или се уште тактизира со надлежностите за уривање на бесправно изградените објекти на сите општини во регионот, кој е под заштитана УНЕСКО, и како планира да се справи со проблемот на бесправно изградените објекти особено во Охрид и Струга е прашање за кое од Владата се без конкретен одговор, јави Канал 5 телевизија.

Од таму велат дека ваквите барања кои произлегуваат од страна на антикорупционерите се прифатливи, но чекаат зелено светло од Министерството за транспорт и врски. Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, за Канал 5 вели дека „известувањето од ДКСК е разгледано на седница на Влада и сите членови на Владата се запознаени со истото.“

– Барањето е проследено до Министерството за транспорт и врски кој како ресорен орган треба да достави предлог за разгледување до Владата од делокругот на неговата надлежност, вели Рашковски.

фото: Архива

Close