Конечно истражена Мистериозна Голема сина дупка во Белизе

Мистериозна Голема сина дупка во Белизе конечно е истражена. Минатиот месец научна експедиција меѓу кои бил и милијардерот Ричард Бренсон, сопственик на групацијата Virgin, се упатиле на дното и како што објавува Дискавери сега веќе се знае што има на нејзиното дно.

Голема сина дупка во Големиот корален гребен ги изненадила нуркачите, и тоа непријатно.

Групата стигнала до дното со помош на подморницата Aquatica и  стигнала до ѕид од сталактити, за кој Бренсон  укажува дека дупката се состои од пештери што првично биле формирани на суво тло, односно се наоѓале на површината.

„Оваа дупка е доказ дека нивото на океанот може драстично да порасне, но и до катастрофално ниво. Нивоата мора да бидат неколку стотина метри пониски. Пред 10.000 години нивото на морето пораснало за 91 метар кога се стопило многу мраз. Тоа е еден од најстрашните потсетници на опасноста од климатските промени“, истакнал Бренсон.

-За жал видовме пластични шишиња на дното на дупката – напишал Бренсон на блогот.
Покрај пластичните шишиња на дното се наоѓале и остатоци од ракови и други морски животни кои потонале на дното.

Инаку ова е втората најдлабока таква морска дупка на светот после Змејската дупка во Јужното кинеско море.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close