ЧУДНИ СТАЛАКТИТНИ ПЕШТЕРИ НА ДНОТО НА THE GREAT BLUE HOLE

The Great Blue Hole која се наоѓа покрај крајбрежјето на Белизе, е врвна нуркачка дестинација која е дом на многу морски видови. Тим истражувачи неодамна успеаја да појдат под површината на оваа сина убавина и да откријат чудни патеки и форми на дното на океанот.

Минатиот декември, милијардерот Ричард Бренсон и Фабиен Кусто, внукот на францускиот конзерватор Жак Кусто, се приклучија на експедицијата која се нурна до дното на големата сина дупка за да ги набљудуваат нејзините мистериозни длабочини. Мисијата, која  беше емитувана на каналот Discovery на 2 декември , им покажа на гледачите како всушност изгледа морничавиот подводен свет во овој дел од светскиот океан.

Понорот кој е широк над 1000 метри и е длабок 410 метри, е едно од најбизарните природни чуда во светот. Прво се развил како пештера од варовник пред многу години, кога нивоата на морето беа ниски. За време на последното ледено доба, нивото на морињата повторно се зголемувало, што предизвикало пештерата да потоне под вода и на крајот го добила прекарот „Great Blue Hole.” Во декември 2018 година, тимовите се ангажирале во повеќе од 20 нуркања за да создадат 3D мапа на понорот. Додека патувале со подморница и користеле опрема со сончеви зраци со висока резолуција, истражувањето ги открило структурите што никогаш порано не биле видени на дното на Great Blue Hole.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close