Приведен охриѓанец поради снимање и омаловажување на полициски службеници

На 04.06.2020 околу 14.00 часот во СВР Охрид приведен е С.Д.(53) од Охрид, поради постоење сомнение за неовластено снимање и омаловажување на полициски службеници кои преземале службени дејствија во близина на охридското село Подмолје. Истиот ден околу 19.00 часот во полициската станица Охрид, С.Д. пријавил дека при приведувањето, полицискиот службеник му нанел тешки телесни повреди на десната рака, констатирани во Општата болница во Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

фото: Архива

Close