(ФОТО) Наместо патокази – бели табли на Галичица

Наместо патокази – бели табли. Доколку се шетате низ Галичица нема да можете да се ориентирате затоа што таблите кои треба да ви дадат насока се избледени и неможе да го видите правецот каде треба да се движите.

Ова не е прв пат да нема насоки за движење низ Галицица, но и да нема табли на кои се испишани основните податоци за просторот. Пред неколку години пак надлежните се соочија со проблем што некој им ги кршеше, крадеше или пак во нив пукаше со воздушна пушка.

Инаку, Галичица  е најубавата планина што се надвиснува над Охрид и е омилено место за шетање на охриѓани, но и сите влубеници во планината. Многу често влубениците во природата специјално доаѓаат во Охрид со цел да го искажат Асанџура и да уживаат во природата и убавиот поглед.

фото: Охрид 1

 

 

Close