ОК ВМРО ДПМНЕ: Лазаревска е одговорна затоа што во Охрид има тотален колапс, економијата тоне, нема странски инвестиции, народот е заглавен во сиромаштија

Охрид и Македонија три години тонат и се во хибриден режим со СДСМ, Зоран Заев и Жаклина Лазаревска. Додека целиот свет води здравствена и економска битка, Лазаревска се бави со политиканство, се вели во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со реакција која се однесува на изјавата на Жаклина Лазаревска.

Лазаревска е одговорна затоа што во Охрид има тотален колапс, економијата тоне, нема странски инвестиции, народот е заглавен во сиромаштија и не живее подобро.

Туристичките работници и угостителскиот сектор се оставени на милост и немилост, без никакви мерки што треба да ги спроведе власта на СДСМ.

Лицемерно е личност којашто беше најголемиот современ уништувач на човечки судбини да зборува за доброто на граѓаните. Ја потсетуваме Жаклина Лазаревска дека беше главниот виновник уништувајќи човечки судбини на многу охриѓани во образованието.

СДСМ и Лазаревска се прочитани од граѓаните, а за многу брзо граѓаните ќе стават крај на власта која ги лажеше дека ќе донесе живот, дека просечната плата на Македонецот ќе биде 500 евра, ќе се изградат 500 километри автопат.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ.

Со СДСМ, Заев и Лазаревска добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

Close