Богојески: Шекеринска од желба да се допадне на гласачкото тело во 5 та изборна единица направи огромен политички гаф

 

Лидерот на „Македонски концепт“ Петар Богојески вели дека најмалку што очекува министерката за одбрана Радмила Шекеринска да се извини за вчерашната фотографија на која е таа со градоначалникот на Кичево, а во позадина наместо државни симболи има симболи на УЧК.

-Шекеринска од желба да се допадне на гласачкото тело во 5 та изборна единица направи огромен политички гаф со кој ги навреди семејствата на македонските бранители, особено оние од АРМ. Покрај нарушен дигнитет на институцијата имаме нарушен дигнитет и на семејствата и најмалку што очекувам госпоѓата Шекеринска да се извини на семејствата кои изгубија блиски во војната во 2001 год, вели Богојески.

Што се однесува за новата вонредна состојба Богојески вели дека претседателот денеска со тоа што објави нова вонредна состојба во земјава, донел погрешна одлука.

-Ние со оглед на тоа дека инсистираме на брзо избори веќе сме постојано на терен и во средба со граѓаните. Денес сме во Дебарскиот крај, Струшко и Охрид. Презадоволни сме од начинот на кој граѓаните комуницираат со нас и можноста која ни да даваат да ја презентираме онаа „наша вистина“ , за која постојано потенцирам дека сега имаме „наша вистина“. Мислам дека изборите треба да се случат на 21 јуни, да влезиме веднаш во кампања. За жал денеска претседателот Пендаровски донесе погрешна одлука со продолжување на вонредната состојба, бидејќи нема оправданост. Самата корона не е причина за вонредна состојба, беше на почетокот, но, денес овааа состојба ни стана секојдневие, короната ни стана секојдневие, ние живееме со неа и таа живее со нас. Мислам дека обидот на некој од политичарите посебно на Мицкоски да ги одложи изборите и да избега од изборната трка е длабоко всадено во неговиот карактер. Тој во животот добил се на тацна како подарок,  па очекува и премиерска функција да добие на подарок. Мислам дека е редно време да се охрабри машки да излези на избори, да ги соочиме аргументите, а не да се навредуваме и да влеземе во избори кои ќе ја стабилизираат земјата. На Македонија и треба стабилна политичка Влада, вели Богојески.

Тој додава: „Не сум сигурен дека Мицкоски ќе има храброст и машкост да се појави на избори и на 5 ти јули. Веројатно вечно ќе бега од избори“.

Што се однесува до економските мерки од Владата и дали Македонија може да излезе од економската криза Богојески вели:

-Убеден сум дека многу побрзо ќе се спасиме од короната, отколку од неспособноста на Владата. Толку неспосабна влада особено во економските политики – изненадува. Мислев дека најголемата неспосбност ќе биде од несреќниот тим инсталиран во МВР, но и тимовите во економија и финансии дополнително разочаруваат. Самата економска криза не е толку голема, колку што е Владата неспособна, да ја пренасочи економската помош до оние на кои вистински им е потребна. Тоа се пред се компаниите кои работат во туризмот. Владата наоѓа начин како да ги помогне олигархите, сите фирми кои направија и профит од оваа корона криза, а никако да најде начин да ги помогне фирмите кои вистински настрадаа, па и поединци граѓани, како земјоделци, занаетчии, категоричен е Богојески.

Лидерот на „Македонски концепт“ вели деколку на изборите кога и да се, народот им даде поддршка тие веќе имаа разработен план како да ја зајакнат државата. Од многуте мерки кои ги нудат Богојески ги издвои:

-Една од најсилните економски мерки е проектот обештетување на граѓаните. Се додека во Македонија не се направи правичност во распределбата на финансиите и се додека не се обештетат граѓаните кои настрадаа од мафијашите политичари во изминатите 30 години, ние не можеме да зборуваме за демократска и Европска Македонија.  Наредните 5 години почнувајќи од 2021 година мора државата да започне со обештетување на оној дел од популацијата кој е целосно уништен, а нивните деца за жал ја напуштија Македонија. Покрај оваа наша мерка тука е и јавното претприемништво, за антикризните мерки во овој момент, за потребата од воведување од 1% од прометот од фирмите кои работат во овој момент, која е многу правична мерка, потоа проектот за либерализација на банките и желбата да го ослободиме народот од банкарското ропство, за да добиеме богати граѓани, бидејќи редно е покрај богати олигархи и богати политичари, богата мафија и на моменти богата и на моменти богата држава да добиеме и богати граѓани, вели Богојески.

Разговорот со Петар Богојески во целост во продолжение:

Вклучување во живо од Плаошник Разговор со Петар Богојески – Македонски Концепт

Вклучување во живо од Плаошник Разговор со Петар Богојески – Македонски Концепт

Posted by Ohrid 1 on Saturday, May 30, 2020

Close