ОК ВМРО ДПМНЕ: Единствено што работат СДСМ и Георгиески е тоа што дозволуваат да се градат дивоградби низ целиот Охрид

Неспособноста и китењето со туѓи перја на локалната власт и Георгиески не можат да се покријат со нарачани партиски соопштенија по теркот на нивниот ментор-лажливец Заев. Наместо општина за сите граѓани повторно се докажа дека Георгиески е партиски послушник на СДСМ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид во врска со како што велат непочитување на законите од страна на Георгиески и политичарите од СДСМ.

Ветивте одблокирана сметка на општината што сѐ уште не се случило и враќавте долгови со пари на граѓаните, за кои брзо ќе провериме како се правени договорите во четири очи и ветуваме дека за тоа ќе има одговорност.

Ветувавте развиени јавни претпријатија, а ги задолживте и вративте во владеењето на вашиот градоначалник Александар Петрески.

Ветувавте нови вработувања за сите граѓани, а гледаме само партиски вработувања.

Единствено што работат СДСМ и Георгиески е тоа што дозволуваат да се градат дивоградби низ целиот Охрид. Додека пишувате празни соопштенија ви градат нова дивоградба во Свети Стефан. Наместо празни зборови, излезете и рушете!

Но вашата одлика се кршењето на Уставот и законите. Впрочем и денешната фотографија јасно го покажува незаконското и лицемерно владеење на СДСМ.

Дали за Жаклина Лазаревска, Јован Митрески и Васко Ковачески не важат законите и протоколите од Владата?

СДСМ е сѐ, само не државотворна партија. СДСМ го руиниса Охрид. Ова срамно владеење народот сака да го заборави што побрзо. Тоа што сработило ВМРО-ДПМНЕ и претходната локална власт за среќа се гледа и охриѓани ги користат сите бенефити.

Што побрзо падне оваа криминална власт на СДСМ толку подобро за Охрид. Доаѓа денот кога казната за сите лаги ќе го дочека светлото на денот и ќе има одговорност, а СДСМ ќе биде испратена на буништето во историјата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

фото: Архива

Close