ГДУ: Од владеењето на овие двете сестрински партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ добиваме само диви депонии, но народот е тој кој ќе одлучи дали сака уште такви

Дали некој ќе понесе одговорност за несовесното однесување на поедини луѓе? Дали некој ќе преземе нешто? Или ќе се продолжи со ова труење на народот и уништување на секој дел од Охрид само за да им се удоволи на шерифите во градот, се вели во соопштението од ГДУ.

Години наназад слушаме како ќе се реши проблемот со стрелиштето Мауцкер. Народот памети од времето на ДПМНЕ како ќе правеа индустриска зона и ред други фамозни проекти предвидени за овој дел, но исходот го знаете и го гледате. Од друга страна пак СДСМ немаше да дозволи да никне депонија, но и тоа го знаеме и го гледаме во што се претвори. Свесно го труете народот и немате ни трошка срам, а сега се ближат избори, па повторно ќе ветувате брда и долини.

Доволно му угодувате на вашиот коалиционен партнер и го оправдувате тоталното безредие. Години наназад власта како да служи само за да му угоди на ДУИ и ултра популарниот советник.

Престанете да се однесувате неодговорно и свесно да го труете народот. Вие сте соучесници во создавањето на дивите депонии и уништувањето на градот. А за тоа е сведоштво стрелиштето Мауцкер, за кое предвидувавте безброј проекти, но на крајот добивме дива депонија.

Од владеењето на овие две сестрински партии добиваме само диви депонии, но народот е тој кој ќе одлучи дали сака уште такви,  се вели во соопштението од ГДУ.

Фото: Архива

 

 

Close