Сузана Вурмеска: Ангажирање на младите образовани кадри да го понесат товарот на општествениот развој и напредок, потребна е борбата против корупцијата и криминалот во земјата и реформа во банкарскиот сектор

Интервју со Сузана Вурмеска, кандидат на листа за пратеници за ИЕ 4.

Сузана Вурмеска, дипломиран фармацевт-специјалист по фитотерапија. Вработена во Здравствен дом Прилеп, член на Секцијата на болнички фармацевти при Фармацевтската комора,  член на Фармацевтското друштво со константен интерес за полињата на хомеопатијата, дијабетологијата и апитерапијата.

ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?

Сузана Вурмеска: Мојот личен мотив да се приклучам кон оваа граѓанска иницијатива е да се изгради подобра иднина за нашата држава. Да се извлече креативниот потенцијал и знаење од младите и да останат да го вградат во општествениот живот овде во својата татковина,  а не да ги напуштаат своите семејства и егзистенцијата да ја бараат во странство. Да  живеме во Европска држава во која ќе функционира многу подобро здравството, образованието, правниот систем и економијата и ке се стави посебен акцент на екологијата.

ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?

Сузана Вурмеска: Не

ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?

Сузана Вурмеска: Справување со аномалиите во сите пори од општествениот живот, сузбивање на  митото и корупцијата посебно во судството. Сликата за подобро утре да ја изгради младиот професионален кадар кој ке биде свежа крв во домашните компании, во здравството, во образованието а не како што е случај сега нашите доктори и други професионалци да работат во странство. Постојано подобрување на здравствениот систем кадровски, техничка опременост, квалиттени здравствени услуги и постојана едукација и усовршување на медицинскиот кадар. Департизација на државните институции и законите да важат еднакво  за сите.

ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?

Сузана Вурмеска: Приоритетите   има повеќе што треба да се превземат на внатрешен и надворешен план.Нa надворешен план е европската интеграција, подобрување на  меѓусоседските односи на нашата држава, користење на пристапните фондови од Европската унија и др. На внатрешен план побрзо излегување од кризата со вирусот KOVID-19, да се превземат брзи и ефективни мерки за надминување на економската криза, реформски процеси за стабилност и развој на правосудството, образованието, здравството. Да се искористат потенцијалите , иновативноста ентузијазмот,  едуцираноста на младиот кадар од земјата во развој на сите сфери од производството и општествениот живот.

ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?

Сузана Вурмеска: Ангажирање на младите образовани кадри да го понесат товарот на општествениот развој и напредок. Борбата против корупцијата и криминалот во земјата, реформа во банкарскиот сектор.

ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?

Сузана Вурмеска: Со личен професионален ангажман и соработка со други луѓе за постигнување на целите да се дојде до позитивна промени. Давање на идеи и предлози за подобро здравство за квалитетни здравствени услуги достапни за сите граѓани на државата.

ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?

Сузана Вурмеска: Да се создадат можности младите да останат тука да работат, да вложат во свои фирми во својата држава и конечно да се створат услови за пристоен живот овде на младите генерации а за тие кои си заминаа да се  создадат услови да се вратат. Даа ја вратиме вербата во политичарите, да се направат реформи во економијата и политиката кои ке го подобрат животот на граѓаните.

ПОЛИТИКА: Зошто проекти?

Сузана Вурмеска: Проекти зашто преку нив идејата станува стварност. Со програмите видовме колку многу пропусти има и ветени работи а неостварени. Проектите се јасни и резултатот е видлив и секој што е заинтересиран може да има увид колку и што е сработено. Може да ги финансираат различни субјект: државата, пристапни грантови од ЕУ и др. и стручни лица и тимови ќе  решаваат  проблеми и ќе се прават реформи  на  разалични сфери на општествениот живот.

ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.

Сузана Вурмеска: Чекор до европското семејство, горда држава без мито и корупција, функционални институции, добар стандард на граѓаните, реформирано здравство, судство и образование по европски стандарди, работа и можности за напредок и  стручно усовршување на младите, земја со стабилна внатрешна и надворешна политика и со задоволни граѓани од животот во неа.

Фото: Македонски концепт

Close