Стефане Димоски пријавиме и овој пат !

Пишува: Љупчо Таневски

Стефан Димоски го пријавил „Охрид 1“ во СЕММ затоа што објавивме дека дошло до инцидент во простории на СВР Охрид меѓу него и друго раководно лице од Полицијата, а во врска со начинот на кој Стефан Димоски ги пласира вестите во медиумите.

Покрај Стефан, во СЕММ не пријавил и извесен Лаброски Димитри, кој никогаш не бил спомнат на нашиот портал и ние не знаеме кој е воопшто овој човек. „Спонтано“ кон пријавувањето се приклучила и Соња Рилкоска, која поднела лажна пријава во СЕММ против „Охрид 1“ за тоа што објавивме дека Полицијата и го уапси гостинот во вестите кој немал дозвола за движење во т.н. „Полициски час“ а на што таа е крунски сведок. ( има ли некој кој се прашува дали зад трите пријави стои Стефан Димоски ? ! )

И ова е последна од низата пријави на Стефан Димоски против мене.

Тој мене ме пријавува уште ед цели 15 години, во далечната 2005 година. Тогаш ме пријави со писмо испратено до раководството на компанијата издавач на весникот „Охридски Новини“, каде бев вработен и во писмото се жалеше дека не бил задоволен од текст објавен за една агенција за обезбедување од Струга, која тогаш беше во сопственост на еден струшки бизнисмен и која сакаше да го земе под концесија Охридско Езеро.

Многу добро се сеќавам ( а можам и да се потсетам повторно, да си ја освежам меморијата ) на состанокот во весникот кога го читавме тоа писмо. Бевме јас , една моја колешка и еден сега покоен новинар.

Сите се чудевме што му е на Стефан Димоски да напише писмо и писмено да тврди дека текстот бил „сувопарен“, дека не ја отсликал доволно способноста квалитетите на агенцијата и ред други критики против мене како неспособен да пишувам убави текстоиви за приватни агенции и сето тоа без да се платат пари на весникот ( барем официјално на весникот никој не му плати за овие писанија )

Е сега, добро е да напоменам дека кога бевме Струга во посета на агенцијата мене и колешката не пречека сегашниот портпарол на СВР Охрид Стефан Димоски ( кој тогаш имаше некое друго звање ) но беше на некоја инспекторска позиција во Полиција.

Па би ги прашал во оваа прилика Стефан Димоски дали тој не шеташе низ канцелариите на агенцијата ( сместени во еден сокак од чаршијата ), дали тој ни даваше напатствија како да се пишува текстот и како треба да се задоволи газдата на агенцијата кој сака езерото да го земе под концесија ?

По ова јас , колешката и газдата на агенцијата заминавме во една пицерија на среде струшка чаршија каде вечеравме. Повторно би го прашал Стефан Димсоки дали тој дојде на вечерата и што се зборуваше таму ?

Јас сето ова добро го паметам, а секако дека може и да си ја освежиме меморијата заедно доколку Стефан Димоски заборавил.

Е тоа беше кога прв пат Стефан Димоски мене некаде ме пријави. Кај раководството на таа компанија и уредникот на весникот. Ефектот од пријавата по мене и мојата кариера јасен ви е на сите, а тоа пак отвора друго прашање:

„Каков авторитет имал Стефан Димоски кај првиот човек на весникот и кај раководството на таа компанија, ако неговото писмо никој не го заесапил ни 2 %“ ?

Но, тука Стефан Димоски не застана. Продолжи да се занимава со мене цели 15 години по ова писмо кое не заврши во корпа за ѓубре, туку е кај мене во мојата обемна хартиена и дигитална архива.

Стефан продолжи да се ме демонизира секаде каде ќе имаше прилика. Од комитетот на ВМРО ДПМНЕ, па до приватни фирими, од поедини кандидати за градоначалници, па до партиски претседатели , или накратко кажано секаде каде ќе проценел дека треба да ме тргни и да го отвори патот за некој друг портал.

За овие цели често со години наназад користеше и други новинарки, лесноверни и навини, собрани во едно т.н. „Сестринство“ кое јас со години го буквално го слушам иако не сум бил никогаш дел од тоа неформално медиумско тело со кое потајно раководиш ти.

А слушав се што се прави во „Сестринството“ заклучно со 2017 година.

А за да знаат и во „Сестринството“ а за да знаеш и ти дека и „ѕидовите имаат уши“ ево ќе се навратам на неколку од вашите пропаднати операции за мое оцрнување.

Во 2013 година правевте се да го доведите ВМРО ДПМНЕ до точка да ме изопшти од комуникација и успеавте во тоа. Но немавте баш некој голем успех кај тогашниот кандидат за градоначалник. Твојата најблиска „сестра“ имаше задача да го убеди кандидатот дека јас сум некакво „чудовиште“. И така постојано на кандидатот му пренесуваше информации ( 100 % измислени ). На крајот од кампањата кога медиумите беа во посета на болницата каде работеше кандидатот јас одеднаш се појавив во салата за интервенции ( таму дојдов по лична покана на кандидатот кој по телефон ме покани бидејќи партијата негова не ме покани на настанот ). што пак јасно покажа дека на човекот му е јасно кој го лажи со месеци.

И како и секогаш на сите настани јас прв си заминав за да објавам прв вест, а „ златните сестри“ останаа во една кафе кујна на болницата каде јадеа и пиеја. Е од таа кујна на кандидатот му се праќаа пораки дека јас сум сликал пајажини и дека ќе сум му ги објавел. Пораките ги испраќаше една плава „сестра“ која е голема лажга. Е сега, тука беше и една друга „сестра“ која сето тоа го „документира“ и мене ми го предаде, а сестрите не ги „продаде“ бидејќи ги имаше одамна продадено. Потенцирам уште еднаш дека јас во кујната не бев бидејќи никогаш не одам да се пикам и „гагаљам“ по кујни.

Дали е ова вистина ? Ајде да видиме прво кој може да потврди ? Жив сум јас, жив е кандидатот, жива е „сестрата“ лажга и жива е „сестрата“ што замене со години ги документираше сестрите… А да ! Живи се и дигиталните докази !

Со години бев во тек со сите будалаштини во колективот „Сестрински“, си слушав се што прават и што планираат па така плановите кои со години се мачевте да ги спроведите ви пропаѓаа бидејќи „сестрите“ немаат ни „С“ од сестри и повеќе би рекол дека се како јатрви.

Вакви примери имам уште 100 но, тие ќе ги чувам за смешно поглавје од една книга, каде ќе им дадам адекватен простор.

Потоа Стефане ти одлучи да се занимаваш со медиумски бизнис и истовремено да си портпарол на СВР Охрид. Почна да коваш планови да направиш сајт.

И сега да те прашам: Дали прво и предложи да направите сајт на една друга „сестра“ а не на „сестрата“ во чиј сајт си некој вид на маркетинг менаџер последниве години ?

Каква среќа имаш, право појде кај мојата „сестра“ и со неа седна во „Белведере“ кај киноно. Па е расприкажва, кажва, кажва, се силеше како ќе си направел нај јак сајт. Се изнакажа , се изнајаде бурек, а мојата „сестра златна“ само ти пушташе водичка, ми те силеше, ми те пумпаше, ми те залетвеше да кажвиш што повеќе ( паметна беше тогаш „сестрата“, беше моја школа јас ја учев како да зборува против мене за да кажувате сите повеќе ).

Ако си заборавил на оваа твоја средба со „сестрата“ можам да ти ја „освежам меморијата“, секако ако имаш таква желба ?

Како и да е, Стефане Димоски ти цели 15 години не сфати дека мене не можиш никогаш да ме победиш од повеќе причини.

Прво за да ме победиш мене треба памет , кој очигледно во твојот табор „сестрински“ го нема.

Второ треба храброст ( која ти ја немаш па затоа праќаше бизнисмени да ургираат да те оставиме ) и трето и најважно треба ВИСТИНА , а не ЛАГИ.

Времето Стефане прави чуда и се ќе си дојде на свое место. Времето најдобро ги средува работите, ги става таму каде им е местото и се ќе си дојде на свое место без оглед колку време ќе помине.

Така и јас иако со децении ги игнорирам сите кои ме напаѓаат ево дојде време пример тебе да ти одговорам јавно и да ти кажам дека е дојдено време да се смириш и да размислиш ( пример да пробаш да сватиш дека јас сум неуништлив за тебе ) , да се помириш со судбината ( како на пример дека никогаш нема да си градоначалник или пратеник ) и да видиш дека дошло време и ти се радуваш на некои работи ( како на пример дека ти дошле годините за пензија ).

Не можеш мене допрва да ме уништиш, кога не успеа до сега. Јас и ти не војуваме на ист начин. Јас сум сам! Сам се борам против армија „хејтери“ и секогаш победувам. Јас не терам никој вработен кај мене или некој мој пријател да те пријави некаде. Јас не барам од луѓето да не зборуваат со тебе и не гледам кој реди лајкови на твојот Фејсбук.  Ти кај тебе го собра „Сестринството“ потоа одеше по бизнисмени да ги лажиш и да ги плашиш со мене дека јас сум снимал разговори, потоа малку да те стегневме на „Охрид 1“ одма бараше врски и праќаше еден бизнисмен да ургира да сме те оставеле. Ти дури се јавуваш кај луѓе кои ставиле лајк на статус од мојот приватен Фејсбук ( каде не си пријател, што значи некој си ангажирал да ти прави принт скринови за да гледаш што постирам )

Ете затоа јас денес 15 години по твоето прво писмо имам пет портали во Охрид и Скопје, и за тебе со се целото „Сестринство“( со се онај твој НЕТ портал ) сум медиумска империја која никогаш нема да ја достигнете.

А можеш и да пишуваш мемоари. Но ќе треба да се потсетуваш на минатото. Бидејќи нели мемоарите се всушност осврт на минатото време.

А за тоа што си заборавил од минатото јас сум тука со мојата пишана и дигитална архива да те потсетам на се што можеби си заборавил.

П.С. Морам во оваа прилика да му се заблагодарам јавно на Стефан Димоски што со години во преку 100 случаи ( уредно документирани ) ги потврдуваше ексклузивните вести објавени на „Охрид 1“ и со тоа сам се вгради и се втемели во релевантноста и престижот на „Охрид 1“ како нај ексклузивен медиум во Охрид. ( сите ја паметите онаа легендарна последна реченица: Се очекува Стефан Димоски да испрати соопштение и да го потврди ЕКСКЛУЗИВИТЕТОТ на „Охрид 1“ )

ВАЖНА НАПОМЕНА: Ова е мое второ пишување колумна кон некој мој хејтер. Првпат на „Охридското колективно новинарство“ се обратив во далечната 2007 година во „Охридски Новини“ со колумна насловена како „Баш е убаво да се биде јас“. Тоа значи дека наредните 10 до 15 години ако сме живи и здрави нема да се обраќам на никој.

Close