СВР: Полицискиот час не го почитувале 4 лица во Охрид и едно во Струга

Во текот на изминатото деноноќие (24/25..2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, осум лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-4, Струга-1, Кичево-3). Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 73 контроли врз лица во изолација (Охрид-43, Струга-15, Кичево-15), три контрола врз лицата во самоизолација (Охрид-2, Струга-1) и 36 контроли на угостителски и други објекти.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против З.З.(50) од Кичево. Тој, на 18.05.2020 година во 19,20 часот бил затекнат на улицата “Борис Кидрич“, во Кичево, пришто, полициските службеници констатирале дека нема соодветна дозвола за движење и не ја почитувал мерката за забрана за движење на населението за време на полициски час од 19 часот на 18.05.2020 година до 05 часот, следниот ден.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Д.(58) и Х.Д.(18), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените, на 28.04.2020 година околу 17,30 часот, биле затекнати на улицата ,Андреа Јованоски“ во Охрид, без соодветна дозвола издадена од надлежен орган за движење за време на полициски час.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Л.А.(23) од Дебар. При извршена контрола на 11.05.2020 година во 22.45 часот, полициски службеници го затекнале пријавениот на улицата ,,Џавит Уштеленца“ во Дебар. Притоа, констатирале дека тој, нема дозвола за движење во полициски час, издадена од надлежен орган во периодот од 19 до 05 часот.

Close