(ВИДЕО) Ал Џезеира за дивоградбите на Охридско Езеро

Глобалната телевизиска мрежа Ал Џезеира објави прилог за дибоградбите на Охридско Езеро. Во прилогот се опфатени ѕидовите во Градиште каде јасно се гледа дека парапетчиња и ѕидови се изградиле и на другиот крај од плажата Градиште 1 која половина е веќе соѕидана со ѕид кој не е урнат бидејќи се уривал само тој кај ресторанот.

На крајбрежниот појас на Охридското Езеро има над 700 нелегално изградени објекти, а секојдневно се градат и нови, објави Ал Џазира Балканс.

Во прилогот зборува и градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, а се прикажани и останатите дивоградби на самиот брег.

Градоначалникот пак на Струга пред два дена ја даде и легендарната изјава во која вели:

,,Во Струга треба да се гради и ќе се гради, а тоа што зборуваат невладините и екологистите баш ми е гајле”.

Поради ова локалното население бара итна реакција од Власта, а антикорупциската комисија предлага Владата да превземе дел  од ингеренциите на локалната власт со цел поефикасно да се реши овој проблем  на кој подолго време укажува и УНЕСКО.

 

Close