Градоначалникот Константин Георгиевски подели пакети за Рамазан Бајрам

Заради кризата со Ковид 19 оваа година не се одржа традиционалната Ифтарска вечера на отворено, па градоначалникот на Охрид денес подели пакети за социјално загорезни лица од муслиманската вера.

Во официјалното соопштение на општината стои:

Во духот на меѓусебното почитување и соживот, Општина Охрид традиционално години наназад организира Ифтарска вечера за граѓаните од муслиманска вероисповед.
Поради моменталната ситуација, денеска во присуство на Муфтијата Семет Ајдари, донирани се 100 социјални пакети на Исламската верска заедница.
Пакетите ќе бидат поделени на социјално загрозените граѓани.
Ова е само мала порака за хуманост и солидарност во овие тешки денови и има за цел зајакнување на односите на граѓаните во Општина Охрид.

Close