(ФОТО) Лазаревска и Таневски делеа флаери со информации за КОВИД 19 и маски

Под мотото: „Првата битка ја добивме“, но  борбата не е завршена“,  денеска кандидатите за пратеници на СДСМ од ОО во Охрид,  актуелната пратеничка Жаклина Лазаревска и актуелниот претседател на СДСМ Охрид Лазе Таневски во соработка со Клубот на СДММ Охрид  ја спроведоа акцијата за поголема информираност на граѓаните околу Ковид -19.

На две локации: Кеј Македонија  и од Стара Чаршија до пазарот, Лазаревска и Таневски на граѓаните им делеа флаери со најважните информации сврзани со корнавирусот како и 1000 маски за еднократна употреба и подобра заштита од него. Поентата на средбите кои наидоа на позитивен одзив кај граѓаните  беше заокружена со пораката: „Од нас зависи, сите да помогнеме во борбата со корона вирусот“.

 

фото: СДСМ

Close