Александар Талевски: Политичкиот фактор треба да биде подготвен да ги изгуби следните избори, бидејќи мерките кои мора да се преземат во Македонија сигурно ќе бидат непопуларни и болни

Интервју со Александар Талевски , кандидат на листа на пратеници за ИЕ 1

Александар Талевски е Дипломиран машински инженер на УКИМ. Целата своја професионална кариера ја реализира како овластен инженер, преку реализација и работа на проекти и на други професионални ангажмани во сферата на градежништвото.

Александар е општествено активна личност, секогаш на страната на послабите и критичар на власта, која и да е. Подготвен да ги критикува и активностите на Македонски Концепт, ако стане власт или дел од неа.

ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?

Александар Талевски: Објективизација на историјата, максимално користење на фондовите за инфраструктурни проекти, пред сѐ патишта и пруги, бескомпромисна проверка на сите “факултетски дипломи” од основањето на приватните факултети до денес и јавен список на имињата на фалсификаторите. Бескомпромисно воспоставување на правна држава на граѓаните на РМ, со акцент пред сѐ на граѓаните!

ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?

Александар Талевски: Не, не е мој прв политички ангажман. Сум бил член на Собранието на РМ во мандатот од 1998 до 2002 година.

ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?

Александар Талевски: Драстично подобрување на системот и процесите во образованието, правниот сектор и производството на добра во РМ.

ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?

Александар Талевски: Политичкит фактор треба да биде подготвен да ги изгуби следните избори, бидејќи мерките кои мора да се превземат во Македонија, сигурно ќе бидат непопуларни и болни.

ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?

Александар Талевски: Граѓанско општество.

ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?

Александар Талевски: Со непоколебливо работење во насока на градење на граѓански концепт на државата и устоличување на стручноста над партиските интереси.

ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?

Александар Талевски: Завршување на започнатите и почнување на нови капитални инвестиции во патниот и железничкиот сообраќај, изградба на платформата за Граѓанско општество и реформирањето на системите на правната држава.

ПОЛИТИКА: Зошто проекти?

Александар Талевски: Затоа што така ќе имаме конкретизација на одговорности и дефиниција на точни рокови, задачи и приоритети.

ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.

Александар Талевски: Граѓанска, Нормална, помалку и „досадна“ Држава. Да завршат конечно “историските времиња” и процесот на правењето на државата. Да отпочне Нормален Живот, достоен за секој граѓанин.

фото: Македонски концепт

Close