(ВИДЕО) Полицијата повторно покажува мускули, спречи новинар од А1 ОН да снима

Инцидентот се случи откако полицајката неколку пати се обиде да ја спречи екипата на „А1он“ да го сними настанот, преместувајќи ја од едно на друго место, со арогантен однос, со покажување сила, без да прецизира каде е дозволено да се застане. Откако ѝ беше укажано дека нејзиниот однос ќе го снимиме и пријавиме во МВР, прашувајќи каде е дозволено да се застане, таа наместо одговор, рече:

„Исклучи телефонот…“.

По ова, новинарската екипа побара од полицајката да се идентификува, а наместо легитимација, таа на арогантен начин рече:

„Немој да ми кажуваш јас што да правам, кај што се другите граѓани“. И по второто инсистирање на екипата од „А1он“, за полицајката да даде легитимација за идентификување, за против неа да поднесеме пријава во Внатрешна контрола при МВР, таа дрско одговор: „Продужи!“.

Close