Конечно се најде Македонец што го замолче Каракачанов

Молк во соседна Бугарија за аргументите на Богојески Каракачанов сеуште не може да се соземе од нокаутот на Богојески. По вчерашната изјава на Петар Богојески од „Македонски концепт“ молк во соседна Бугарија. Нема реакции ниту од прозваниот Красимир Каракачанов ниту од неговата партија ниту од тамошната јавност.

За првпат Каракачанов молчи по изнесените аргументи на Богојески кој му порача дека ВМРО е столб на државноста непријатен факт за Софија. Меѓудругото Богојески го делегитимизираше Каракачанов како лидер на ВМРО БНД потсетувајќи го дека е од Русе и нема врска со Македонија и ВМРО.

Молкот на Каракачанов е дотолку интересен што тој досега многу лесно се впушташе во дебати со соговорници од Македонија дури со Илија Димовски, Никола Груевски. Дали некој конечно му ги предочи вистинските аргументи ма Каракачанов?! Потсетуваме дека тој моментално извршува функција министер за одбрана и вицепремиер и е секогаш најгласен по прашањата кои ги врзуваат двете земји. Останува да видиме дали и доколку Каракачанов продолжи да молчи нема да биде повторно прозван и потсетен од Богојески познат по својот специфичен отворен начин на комуникација со своите соговорници.

фото: Fokus.mk

Close