АА: Дивите градби во Струга се прават со знаење, амин и стимулирање од Мерко

Арогантното и неодговорното однесување на градоначалникот на Струга, уште еднаш покажа дека дивите градби во Струга се прават со знаење, амин и згора на тоа и со негово стимулирање. Повеќето од тие што градат околу езерото и не само, ги кажуваат истите зборови: „Се договоривме со Рамиз“, се вели во реакцијата од Алијанса за Албанците огранок Струга.

На овој уништувач на секоја вредност и богатство на граѓаните на Струга, не му е местото таму.

За жал, институциите стануваат алатка на криминал и криминалци како Рамиз.

Уште еднаш ги покануваме полицијата, Обвинителството, Судот, Владата, да преземат мерки се додека не стане предоцна. Нашето богатство се уништува и узурпира. Додека организираниот криминал цвета на секој агол на Струга, се додава во реакцијата.

 

фото: Архива

Close