Oд 15 полицајци од ист тим речиси половина се позитивни на КОВИД -19, се затвора објект во Охрид во кој биле сместени

Извори од МВР потврдуваат за „360 степени“ дека од 15 полицајци од ист тим речиси половина се позитивни на коронавирусот, од кои четворица биле на одбележувањето на Денот на полицијата
Најмалку седуммина припадници на МВР се позитивни на коронавирусот, поради што, по препорака на здравствените власти, се затвора одморалиштето во Охрид каде што биле сместени, дознава „360 степени“.

Според извори од МВР, седумтемина полицајци за кои е потврдено дека се заразени со ковид-19 се од Единицата за брзо распоредување (ЕБР). Тие биле испраќани како засилување на СВР-Охрид и ротирале на неколку дена, објави „360 степени“.

Текстот во целост на: „360 степени“. 

Close