(ФОТО) Георгиески: Започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто – кампот „Градиште“

Започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто – кампот „Градиште“.

Градежен, комунален инспектор и инспектор за животна средина, утрово, извршија увид по што беше констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување.

Согласно тоа, денес, започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид, објави на својот Фб профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Posted by Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид on Monday, May 18, 2020

фото: ФБ Константин Георгиески

Close