Борба со неочекуван победник: Пајак ја нападна и усмрти најотровната австралиска змија

Австралијанка во средата направила неверојатни фотографии од борба меѓу пајак и најотровната змија во земјата.

Пајакот успеал да ја победи змијата , па дури и ја завиткал во мрежа , без оглед што станува збор за најотровната змија во Австралија. Робин Мекленан од државата Викторија наишла на страшна сцена во местото Гепстед Вајнс , кога видела црвен пајак како јаде бебе од отровната кафеава змија.

Фотографиите од борбата ги објавила на социјалните мрежи , во кои и напишала дека по некое време пајакот ја замотал змијата и ја подигнал во воздух. Овој вид пајаци е познат по тоа што знае да направи стапица од мрежа во која се фаќаат мали змии и гуштери.

Тој во змијата вбризгал течност за дигестија , за да омекне од внатре ,а потоа да може да ја изеде. Робин вели дека ако не видела со свои очи не би поверувала дека пајак може да победи и изеде змија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close