Четири снимки од средба на Мицкоски и Кичеец на која зборувале за изборите во Охрид


Четири нови „Бомби“, аудио снимки на кои може да се слушнат разговори меѓу Зоран Милески- Кически и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, снимени пред првиот круг претседателски избори во април 2019 година, денеска се појавија на YouTube.
На четирите објавени тонски снимки се слушаат разговори од состанок меѓу Мицкоски, Кичеец и женска личност. Од разговорите може да се заклучи дека се снимени непосредно пред првиот круг на претседателските избори, во април 2019 година.
Мицкоски му раскажува на Кичеец за неговите теренски активности во Охрид по што договараат стратегии за соработка за време на изборите, но и за по тоа. Во разговорите се слуша како Кичеец му објаснува на Мицкоски дека изборните резултати се тие, дека некои луѓе не можат да се одвратат, објави А1 ОН.

Четирите бомби на кои разговараат Мискоцки и Милески во продолжение: