(ВИДЕО) Инспекцијата во полициски час затвори градилиште во Охрид

Самоволието на градежните фирми не запира ни на 2 мај и во полициски час, а „Градежната инспекција“ при Општина Охрид мора да интервенираат и во неработен ден за да се справат со активностите кои јавноста во Охрид со децении ги перцепира како „урбана мафија“.

Инспекторите на Општина Охрид попладнево на улицата Димитар Влахов затворија градилиште во центарот на градот каде инвеститорот изведувал градежни работи и копал темели за градба на зграда, притоа излегувајќи од проектот и без поставување на армирано бетонски шипови за заштита на околните објекти од можни одрони на земјиштето заради врнежливото време. Ваквото негово дејствие предизвика паника кај жителите на околните згради кои алармираа со фотографии во медиумите и надлежните служби стравувајќи за своите објекти. Инспекцијата излезе на терен и околу градилиштето постави жолта лента.

Објектот има дозвола за градба, но инспекцијата констатирала отстапување од проектот при ископот на темелите, па затоа и го оградила просторот со жолта лента.

ВИДЕО:

Close