МЗШВ донесе забрана за вршење на рекреативен риболов заради непречен природен мрест на рибите

Министеротерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно Законот за рибарство и аквакултура во изминатиот период донесе повеќе решенија за забрана за риболов во риболовните води во Република Северна Македонија.

Забраната за вршење риболов во риболовните подрачја, риболовните зони, риболовните ревири и рекреативните зони за различните видови риби се носи заради овозможување на непречен природен мрест на рибите и зачувување на рибниот фонд.

Периодот на природниот мрест на рибите е утврден во Риболовните основи за секоја риболовна вода поединечно, а се носи врз основа на одобрените годишни планови за заштита и стопанисување со рибите за 2020 година и  поединечните барања за одобрување на период за забрана на риболов доставени од концесионерите на рибите.

Прегледот ( рокот ) на периодот на забрана за риболов за одделни видови риби и риболовни води е објавен на страната на Македонската риболовна федерација и може да го погледнете на следниот линк: www.mrf1952.mk.

фото: Semberija INFO

Close