(ФОТО) „Охридскиот џган“ го овенча Прличе со пцојсана мачка

Споменикот на славниот Григор Прличев утрово осамна со леш од пцовисана мачка поставен преку бронзената биста на поетот.

Некој ја зел пцовисаната мачка и ја ставил на споменикот, поточно на рацете од „Прличе“.

Григор Прличев е најславен охридски поет, кој во време на својот живот за поемата „Сердарот“ бил овенчан со „Лаворов венец“ во Атина. Тој е и автор на „Охридскиот џган“ во кој ја опева простотијата и малограѓанштината на тогашен Охрид , која како што гледаме од приложеното и ден денешен е актуелна и го следи „Прличета“.

Close