(ВИДЕО) Охриѓани ја почитуваат забраната за движење – улиците празни

Охриѓани максимално ја почитуваат забраната и посебниот режим на движење за време на 85 – часовниот велигденски карантин. Од вчера од 16 часот охридските улици празни.

Охридските улици празни во сабота наутро додека тече тридневниот " карантин"

Охридските улици празни во сабота наутро додека тече тридневниот " карантин"

Posted by Ohrid 1 on Saturday, April 18, 2020

Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите околу верските храмови за време на претстојниот празник.

Инаку од вчера во 16:00 часот до 05:00 часот во вторник 21 април е забрането движење и групирање во сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, како и викенд населбите.

За лицата над 67-годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот. За сите лица до 18 години останува активна забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот.

Овие денови додека трае забраната за движење активно работат дежурните аптеки кои вршат достава на лекови, како и маркетите кои работат на повик.

 

 фото: Охрид 1
Close