Трамп: Приверемно го прекинуваме финсисирањето на СЗО

Американскиот претседател, Доналд Трамп најави дека Соединетите држави привремено ќе престанат со финансирање на Светската…

The post Трамп: Приверемно го прекинуваме финсисирањето на СЗО appeared first on Скопје1.мк.

Американскиот претседател, Доналд Трамп најави дека Соединетите држави привремено ќе престанат со финансирање на Светската здравствена организација (СЗО) заради „лошо управување“ со епидемијата на коронавирус.

Тој, исто така, истакна дека е близу до завршување на планот за стопирање на коронавирусот и повторно заживување на проблематичната американска економија во некои делови од земјата, што веројатно треба да биде готов пред 1 мај.

Трамп и се закани на Светската здравствена организација пред седум дена, а сега отиде еден чекор подалеку.

„Денес, наредив прекин на финансирањето на СЗО, додека се спроведува студија за да се испита улогата на СЗО во лошо управување и прикривање на ширењето на коронавирусот“, рече тој на прес-конференцијата во Белата куќа.

Според американскиот претседател, СЗО не успеала да ја исполни својата основна должност и мора да понесе одговорност.

„Ако СЗО ја завршеше својата работа и испратеше медицински експерти во Кина за објективно да ја проценат состојбата на теренот, епидемијата можеше да биде задржана во нејзиниот извор со многу малку мртви“, додаде тој.

фото: Архива

 

The post Трамп: Приверемно го прекинуваме финсисирањето на СЗО appeared first on Скопје1.мк.

Close