Бил Гејтс: Стопирањето средства за СЗО во време на пандемија е опасно

Американскиот претседател Доналд Трамп реши да го прекине финансирањето на СЗО, велејќи дека организацијата е…

The post Бил Гејтс: Стопирањето средства за СЗО во време на пандемија е опасно appeared first on Скопје1.мк.

Американскиот претседател Доналд Трамп реши да го прекине финансирањето на СЗО, велејќи дека организацијата е виновна за ширењето на коронавирусот.

„Доколку СЗО ја завршеше својата работа и испратеше медицински експерти во Кина за објективно да ја испитаат состојбата на теренот, епидемијата можеше да биде задржана во нејзиниот извор со многу малку починати“, рече Трамп.

Неговиот потег беше критикуван од генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, а му се придружи и Бил Гејтс, основач на „Мајкрософт“ и еден од најголемите хуманитарци во светот.

„Престанувањето на финансирањето на СЗО за време на овој вид здравствена криза е многу опасно. Нивната работа помага да се запре ширењето на вирусот и нема друга организација во светот што може да ја преземе нејзината улога. СЗО му е потребен на светот повеќе од кога и да било“, напиша Гејтс на „Твитер“.

Буџетот на СЗО е околу 4,5 милијарди американски долари, од кои Соединетите Држави финансираат околу 500 милиони американски долари годишно.

фото: PC Press

 

The post Бил Гејтс: Стопирањето средства за СЗО во време на пандемија е опасно appeared first on Скопје1.мк.

Close