По пад од балкон животот го изгуби жена на 81 година во Тетово

Жена на 81 година го загубила животот по пад од балкон од зграда во Тетово,…

The post По пад од балкон животот го изгуби жена на 81 година во Тетово appeared first on Скопје1.мк.

Жена на 81 година го загубила животот по пад од балкон од зграда во Тетово, соопшти денес СВР Тетово. Немилиот настан се случил вчера околу 11 часот на улицата „Благоја Тоска“.

-Во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Благоја Тоска“, во стан сопственост на М.Г.(85) од Тетово, неговата сопруга М.Г.(81), која имала нарушено здравје, додека била сама во станот, излегла на балконот, што се наоѓа на првиот спрат од станбена зграда и паднала од балкон. М.Г. била префрлена во Клинички центар Тетово, каде од здобиените повреди починала, инфомираа од тетовската полиција.

Увид на лице место извршиле екипи од СВР Тетово и Министерството за внатрешни работи од Скопје.

фото: Архива

The post По пад од балкон животот го изгуби жена на 81 година во Тетово appeared first on Скопје1.мк.

Close