(ВИДЕО) Како настанал хитот „На Велигден сум се заљубил“ и како звучи кога секој пее од својот дом?

Како звучи пасната која ја слушаме секој Велигден „На велигден сум се заљубил“ испеана од грлата…

The post (ВИДЕО) Како настанал хитот „На Велигден сум се заљубил“ и како звучи кога секој пее од својот дом? appeared first on Скопје1.мк.

Како звучи пасната која ја слушаме секој Велигден На велигден сум се заљубил“ испеана од грлата на авторот и изведувач Џина Папас Џокси и академскиот хор Мирче Ацев. Годинава секој од нив во својот дом, но не пропуштија да не потсетат на овој голем хит.

 

Инаку  Џокси во едно итервју за tocka.com.mk кажа дека Една од главните причини за пасната да се создаде е  неговата баба Уранија.

-Главна причина за да ја направам песната е баба ми и нејзината приказна за тоа како нејзиниот татко, мојот прадедо ги враќал два пати стројниците на дедоми, кои упорно ги праќал на Велигден. Потоа ме врзува еден друг момент, во комунизмот немаше одење во цркви за да се кршиме со јајца, туку ние бегавме преку прозор за да не не види таткоми и одевме во црква палевме свеќи и се враќавме назад. Следен момент кој е многу важен, живеев долго во Бол на Брач, скоро 8-9 години, а таму имаат едно континентално место се вика Селца, кај нив има процесија и се случи нешто што јас прв пат во живот го видов. Кај нив процесијата значи да направат колона која изнесуваше тогаш 10 километри, јас влегов со цигара во колоната и една баба дојде ме фати за рака и ми рече: Ти не си од овде, зар не? И ми кажа дека не смее да се пуши во процесија и кога слушна дека сум Македонец ме фати за рака и ме однесе во првиот ред на клупите на католичката црква. Веднаш потоа заминав за Скопје затоа што ме фати први мај, во Скопје 20 дена не излегов од дома. Не беа тоа притисоци, туку имав време и простор да размислам за себе, односно што со себе. Се вратив во Сплит и кога се распадна Југославија ја направив песната и му се јавив на Тоше Поп Симонов, ама тој беше на Крит со неговата жена, и тој го имаше целото студио префрлено таму. Седнав во авион заминав за Крит, кога пристигнав таму, наидов на ситуација во која Тоше и неговата жена беа загрозени од однесувањето на Грците и нивните шеги дека ние не постоиме, дека Македонија како држава не постои и јас седнав ја отсвирив песната им ја вратив жарта во нив и страста, и така ја снимивме првичната верзија на “Велигден сум се заљубил”, раскажа Џокси за tocka.com.mk.

фото: prtsc

The post (ВИДЕО) Како настанал хитот „На Велигден сум се заљубил“ и како звучи кога секој пее од својот дом? appeared first on Скопје1.мк.

Close