(ФОТО) Охрид SOS бара парични казни за оние кои фрлаат отпад и ја уништуваат природата

Некои го љубат, други го ништат природното наследство на Охридскиот Регион. Едни објавуваат со желба да се укаже на проблемите, јавни служби, поединци или групи чистат. Некои повторно загадуваат, фрлаат најразличен отпад, се однесуваат неодговорно. И тоа е еден постојан циклус. Не може да запре. Ни со апели, ни со опомени. Можеби со казни. Доколку навистина се казнат тие што го прават ова, напишаа на својот ФБ профил од Охрид SOS.

Им благодариме на сите совесни сограѓани, сонародници, кои споделуваат, кои објавуваат, реагираат, кои организираат и најмали акции за чистење. Апелираме на институциите за поригорозен пристап кон овој проблем. Да се љубит природата а да се ништат овие лоши навики, додаваат од SOS.

Posted by Охрид SOS on Friday, April 17, 2020

фото: Ohrid SOS

Close