(ФОТО) Општина Охрид ги санира оштетувањата на улиците во населба „Исток“

По налог на Општина Охрид санирани се оштетувањата на улиците во населба „Исток“.

Потрошени се околу 240 тони асфалт, а асфалтирана е површина од 600 метри квадратни со вкупна должина од 200 метри. Со изведувањето на овој зафат битно се олеснува пристапот на граѓаните до домовите и се подобрува патната инфраструктура.

Изведувач на градежните активности е АД „Илинден“ од Струга, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиески.

Posted by Константин Георгиески – официјална страна on Wednesday, April 8, 2020

фото: ФБ Константин Георгиески

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close