Што донесе корона кризата во туризмот?

Корона вирусот го забави светот. Но, покрај битката на лекарите и медицинскиот пероснал со болеста, се чини дека негативните ефекти од пендемијата се чувтвуваат во секој сектор, а прв на удар е туризмот.

Директорот на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски со свој став за целата ситуација.  Во продолжение ви го пренесуваме во целост.

-Знаејки ја моќноста на туризмот  и неговиот ефект врз светската економија кој   преставува 10 % од светскиот Бруто Домашен Производ – БДП , 948 милијарди американски долари инвестиции во 2019 година што преставува 4,3% од вкупните инвестиции во светот.  Како област индирекно влијае врз повеќе од дваесет економски гранки  и 330 милиони работни места односно секое десето работно место е поврзано со туризмот во светот.  Туризмот својот негативен индекс последен пат го забележа во далечната 2008 година во пикот на светската криза и од тогаш е во континуиран раст помеѓу 4-6% во светски рамки. Пакувањата во 2019 година се одвивале најмногу со авионски превоз приближно 55%, со автомобили и автобуски превоз 37% а на останатите други начини 8%. Европа останува најпосетен континент во 2019 година со 51% посетеност од вкупниот број на туристи а Франција најпосетена светска дестинациј.

Македонскиот туристички сектор во 2019 година дирекно влеа 396 милиони долари со раст во последните две години од 22% во финансиските срества , околу 3% од БДП и нешто повеќе од 12000 работни места кои со  услужните дејности во одреден периот достигнува и до 50000 илјади работни места. Континуиран раст во последната деценија кој според стратегиските планирања во тригодишни циклуси требаше да го даде пикот во 2020година со зголемен просечен престој на туриститеи раст помеѓу 10-15% што е потврдено јануарската статистика за 2020 година каде туризмот бележи раст од 12% во однос на истиот период 2019 година.

Кризата со корона вирусот кој во почетокот на годината изгледаше далечен многу брзо стана реалност во Европа и се рашири насекаде во светот. Ограничувањата на движењето, затворањето на границите и приземјување на авионите создаде комплетен застој во туризмот и откажувања на сите аранжмани до крајот на Јуни согласно приземјените авиони на големите туроператори и авио компании. Туристичкиот сектор прв го осети ударот и највеќе претрпува штети од корона кризата кој според Светската туристичка организација (UNWTO) во зависност од траењето на кризата може да изнесува пад од 50-60% во одредени дестинации .

Корона кризата ќе донесе големи промени во туризмот и промена на навиките за слободно патување кои ќе бидат ограничени во зависност каква  е  безбедноста на дестинацијата и удар од корона кризата . Патувањата ќе се креираат според меркоте кои се преземени, нивното постепено укинување на дистанцата и патувањето во помали групи ќе остане како препораки долго време после кризата. Големите туроператори повторно ќе играат голема улога во креирања на патувањата во светот кои ќе се базираат на рурални средини,екотуризам,агритуризам и мали сместувачки капацитетиво. Веќе станува јасно дека 2020 година туристите треба да се чекаат во втората половина од годината и голем број на домашни туристи кои поради искуствата нема да сакаат да патуваат далеку од своите домови.

Македонските традиционални гости во 2020 година ќе изостанат или нивниот број ќе биде многу намален а тоа ќе зависи од должината на корона кризата и мерките кои се преземени на дестинациите од кои очекуваме гости. Потребно е да се фокусираме на домашните туристи,викенд понудите  и регионалните гости пред се дестинациите кои успешно се справуваат со пандемијата на корона вирусот и имаат мали рестрикции за патување. Можноста за понуда на природните убавини,националните паркови,гастрономијата  и прилагодување на мали групи од туристи ќе помогне за конкурентна предност пред останатите дестинации кои во изминатите години практикуваа масовен туризам. Цената на аранжманите на краток рок нема да игра улога туку можноста за брзо прилагодување на барањата од туристите и промените кои ќе произлезат после корона кризата.

Промоцијата ќе одигра голема улога за дестинацијата и треба да биде насочена кон подигање на брендот, природните убавинии недопрената природа, мали групи на туристи за екотуризмот, сигурноста на дестинацијата  и фокусирање на оддржливоста на микро  дестинациите.  Промовирањето да се насочикон кон социјалните медиуми и интегриран интернет пристап користејки ги сите трендови и комуникациски канали кои ќе станат секојдневие во иднина.

На економски план пред се во туризмот не очекува многу тешка година која успесите на дестинациите ќе се сметаат во помалите минусни , подготвеноста за новите трендови во туризмот и новите протоколи на кои брзо треба да се воведета со цел убедување на туристичката јавност за посета на дестинацијата, вели директорот на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.

фото: ФБ

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close