Мирчевски: Со полициски час за земјоделците во викендите од 16 часот, владата покажа дека политиката не ја разбира мотиката

Претседателката на Унијата на жени на Единствена Македонија, Мирјана Мирчевски, на денешната прес конференција во Битола. во име на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ промовираше нова мерка од Пакетот мерки на Коалицијата.

Како што е познато, минатата недела владата ја измени својата одлука за забрана за движење на целата територија на Република Македонија за време на деновите на викендите.
Со овие измени, забраната за движење во деновите на викендот, односно сабота и недела ќе започнува во 16 часот и ќе трае до 05:00 часот, вели Мирјана Мирчевски.
За првпат овој режим на забрана за движење од 16 часот беше применет минатиот викенд и веднаш се покажа како проблематичен за една многу важна и бројна популација, а тоа се земјоделците во државата.
Полицискиот час од 16 часот во викендите му штети на земјоделството. Ова делува негативно и ги збунува земјоделците. Практично, земјоделците се приморани да си заминуваат од нивите на половина од денот за да стигнат до своите домови во 16 часот кога започнува полицискиот час. Со заминувањето од нивите во 16 часот земјоделците губат дел од денот за обавување на земјоделските работи.
Земјоделците немаат работно време и преку цел ден имаат обврски на поле. Земјоделската дејност не трпи застој, потребен е континуитет во текот на целиот ден. Владата на СДСМ со носењето ваква штетна одлука за земјоделците, покажува дека политиката не ја разбира работата на мотиката. А што може да се очекува од една влада која е заглавена во безаконие, криминал и корупција.
Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна-само Македонија“ бара полицискиот час во викендите за земјоделците да важи од 21 часот. Ова е во интерес на земјоделците и државата.

Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија„ на конкретен начин покажува дека секогаш е со народот со секојдневното предлагање на мерки за кризата од Пакетот мерки на Коалицијата.
Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ во овие тешки времиња ќе продолжи одговорно да се однесува во интерес и на земјоделците. Имаме мерки до владата и за земјоделците
Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија„ останува до крај на страната на народот и целосно посветени на елиминирањето на последиците од оваа криза, истакна Мирјана Мирчевски.

фото и видео: Единствена Македонија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close