(ВИДЕО) Бачев: Заев лаже за датум за ЕУ и помош од 70 милиони евра и за милијарди од ЕУ во изминатите 30 години – еве ги фактите

Прес конференција претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев. Тој во име на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија истакна:

Во ова тешко време на здравствена катастрофа со коронавирусот, власта на СДСМ и Зоран Заев најбезобзирно водат вистинска специјална војна со која го замајуваат народот со геноцидната организација НАТО и со наводниот старт на преговори со Европската унија, истакна истакна Јанко Бачев.

СДСМ и Зоран Заев три дена го лажат народот, за старт на некакви преговри и добиена помош од 70 милиони евра од ЕУ. Меѓутоа, тоа не е ништо ново. Зоран Заев штом отвори уста, лаже. Во овој случај најмалку од две причини:

Прво, го повикувам Заев да го каже датумот, народот не гледа датум за старт на преговори со ЕУ. Формулацијата од европските бирократи од Брисел дека ЕУ ќе започне преговори со Република Северна Македонија е толку воопштена што никој жив не може да ја каже нејзината прецизна содржина, а прашање е дали некогаш ќе има преговори во услови кога ЕУ се распаѓа.

Второ, го повикувам Заев да го покаже изводот од буџетската сметка каде се легнати 70 милиони евра од ЕУ. Нема ниту 7, а не пак 70 милиони евра. Тие од ЕУ не дадоа една заштитна маска а камоли 70 милиони евра. Се разбира, не мора мене да ми верувате, ама еве Заев нека го покаже изводот од буџетската сметка каде се пуштени 70 милиони евра. Во краен случај, тоа се јавни пари, не се државна тајна. Меѓутоа, ова е една голема лага.

Ова со наводните силни пари кои ги дава ЕУ е веќе стара приказна во изминатите 30 години. Меѓутоа, во реалноста состојбата е обратна.

Во 1990 година кога се срушија социјалистичките држави, богатите држави од запад практично воспоставија ново неоколонијално ропство спрема земјите од Источна Европа, во тој контекст и спрема Македонија и земјите од регионот. Во едни такви околности во изминатите 30 години ЕУ од Македонија и земјите во регионот има извлечено силни милијарди.

На пример, поучен е случајот со Бугарија членка на ЕУ. Таму пред три години излегоа едни научни показатели дека богатите држави од ЕУ од Бугарија во изминатите десетина години имаат извлечено 25 милијарди евра, а во форма на донации назад имаат повратено околу 12 милијарди евра. Од Македонија, досега, во изминатите 30 години се извлечени околу 5 милијарди евра а во форма на донации се вратени назад околу 400 милиони евра и тие им служат во наменската кампања на ЕУ да го замајуваат народот или народски кажано да му ги замачкуваат очите. Па така, од време на време ќе слушнеме како ЕУ изградила некој селски пат, школо, амбуланта, а еден дел од тие пари им служат за купување на домашните политичари-марионети кои потоа верно им служат.

Далеку од паметот е да се мисли дека има на запад некои луди германци, холанѓани, швеѓани кои ќе го полнат буџетот на ЕУ за да тие истураат тука силни милијарди во Македонија оти ептен се потресени да не направат среќни и весели. Ова е надвор од секаква човечка логика.

Досега наведеното што го кажувам за лажните пари од ЕУ, да го илустрирам со неколку примери да не излезе дека ова е гола реторика. Ќе наведам примери од официјални државни органи во Македонија.

На пример, на 24 септември 2015 ЕУ бомбастично објави дека и доделува на Македонија, внимавајте добро, 700 милиони евра за справување со мигрантите. Нешто покасно, на 14 март 2016, ЕУ дополни дека на Македонија и  доделува уште 50 милиони евра за справување со мигрантите. Меѓутоа, истиот ден дојде одговорот за оваа голема лага на ЕУ, и тоа не од било каде туку од најкомпетентно место – од кај претседателот на државата, тогаш Ѓорге Иванов кој рече дека ЕУ не доделила ниту цент помош за Македонија за проблемот со бегалците.

Или друг пример, во контекст на војната во 2001 година. Истите актери од ЕУ преку т.н. Пакт за стабилност тогаш бомбастично најавија донаторска конференција од која очекуваат 200 милиони долари за Македонија, како награда, како што го нарекуваа тогашното храбро македонско раководство кое го склучи капитулантскиот рамковен договор. Но на крај, тогашниот премиер Љубчо Георгиевски и тогашниот министер за финансии Никола Груевски кажаа дека од донациите остана само ветувањата, не доделија од ЕУ ниту цент. Дури, уште во тоа време Георгиевски и Груевски кажаа дека овие од ЕУ всушност и се мајтапат со нив, бидејќи, како што рече Груевски првично им рекле донации а сега им нуделе кредитни линии со што само се зголемува задолженоста на земјата.

Или друг пример. Јоханес Хан на 7 февруари 2018 бомбастично изјави дека ЕУ ќе додели над една милијарди евра за Западен Балкан за да се подготват за влез во ЕУ. Одлично. Убаво за слушање. Ќе ни дале една милијарда евра за да се подготвиме за влез во ЕУ. Меѓутоа, Хан си замина од функцијата, му истече мандатот, од парите ништо. Тогаш Хан уште рече: од 2007 до 2017 ЕУ вложила, внимавајте добро, 9 милијарди евра во Западен Балкан донации. Се разбира, во реалноста едно големо ништо. Во 2018 од ЕУ рекоа дека се доделени уште над 1 милијарди евра. На крајот на таа истата 2018 година, поточно на 18 декември, ЕУ обајви дека и дава на Македонија 70 милиони евра, и во таа прилика уште кажа дека до 2020 дополнителни 250 милиони евра за модернизација. Одлично, значи ќе не модернизирале. Меѓутоа, еве ја дојде 2020 година, од парите ниту цент.

И да не редам повеќе примери, гледате почитувани, многу милијарди ветувања, а во реланоста – Тишина. Едно големо ништо. Ни пари, ни бутур.

Но, мора да признаеме дека ЕУ има фантастична тактика. Бомбастично најавуваат силни милијарди кои убаво звучат за народот и ветувањата ги прикажуваат како парите да се веќе стигнати иако тоа останува само голема лага и ветувања. А домашните марионети во Македонија мора да молчат и да го лажат народот оти се под целосна контрола на странците. Впрочем, како што спомнав, со тие пари што ги враќаат во еден дел назад, всушност ги купуваат домашните политичари. Сите ние сме сведоци во изминатите 30 години, гледате нашите политичари влегуваат во власта како најголеми голтари а кога ќе им истече мандатот излегуваат како најголеми капиталисти.

Да се навратам на почетокот за наводниот старт на преговори со ЕУ и наводните 70 милиони евра, а во средата Заев при гостувањето на една анционалан телевизија, мислам дека беше ТВ Сител, дури уште кажа дека влегуваат нови 2 милијарди евра од страна на ЕУ. Меѓутоа, ова голема лага од Заев посебно од ЕУ дека ни доделуваат пари, во моментот е од најмалку две причини: прво, очајно се обидуваат да му помогнат на Заев пред изборите и второ, ЕУ е свесна дека ја губи битката со Русија и Кина во регионот, народот се повеќе иднината ја гледа со државите како Русија и Кина и затоа пуштаат вакви убави приказни со истурање на милијарди евра во Македонија.

За крај, почитувани браќа Македонци и сестри Македонки, почитувани државјани на Република Македонија

Не наседнувајте на лажната пропаганда на Заев и европските бирократи од Брисел. Дури, Македонија и утре да стане членка на ЕУ пак ќе си биде исто. Доколку сами не си ја средиме внатре државата со чесни и честити политичари, бидете уверени дека никој од надвор нема да не направи држава со добар стандард.

Да не дозволиме и на овие избори вакви белосветски политички и дипломатски битанги од Брисел и домашни измамници  како Заев да не прелажат, бидејќи, тогаш со голема жал ќе мора да си признаеме, до нас е,  до народот е.

Едно треба да ни е јасно. Ако ја сакаме Македонија, нашата држава, нашата татковина, народот нема повеќе право на грешка на изборите, истакна Јанко Бачев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close