ОМ: МВР да открие кој ја уништи плочата на војводата Тома Давидов

На 15.03 група граѓани од Охрид поставија спомен-плоча близу Оздолени,  Охридско во чест на големиот војвода на ВМРО – Тома Давидов. За жал, плочата траеше само две недели. Таа беше уништена од вандали. Уништувањето на плочата на војводата Тома Давидов е чин на вандализам  и непочитување на сопствената историја, се вели во соопштението од Обрдинети за Македонија.
Тие додаваат:
Обединети за Македонија не може, а да не реагира на вакво ништење на
нашата историја.

Затоа, упатуваме апел до Министерството за внатрешни работи да го  расчисти случајот и да ги пронајде уништувачите за да одговараат пред  Законот.

Никој нема право да уништува нешто што е потсетник на нашата борба за  ослободување.

фото: Обединети за Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close