ОК ВМРО ДПМНЕ: Веднаш на седница на Совет на општината да се донесе одлука со која ќе се спречи натамошно трошење на пари од буџетот

Во услови кога се соочуваме со справување со заканата од ширење на пандемијата со КОВИД-19, заради која имаме и вонредна состојба во државата, ние од ВМРО-ДПМНЕ Охрид, како одговорна опозиција на локално ниво предлагаме носење на итни антикризни мерки на ниво на нашата општина. Имено, со оглед дека Охрид  заради структурата на своето стопанство и огромниот број граѓани кои живеат од туризмот и угостителството, а кои се едни од најпогодените стопански гранки, ќе биде една од најпогодените општини, мораме да ги антиципираме покрај здравствените и тешките економски последци со кои веќе се соочуваат, а допрва уште подраматично ќе бидат погодени огромен број наши граѓани, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Без никаква намера за занимавање со дневна политика, за која без сомение не е време, не смееме да стоиме настрана како неми набљудувачи на пасивниот и индолентен однос на градските власти. За очекување е дека приходите во буџетот на општината ќе бидат значајно редуцирани и за точните бројки ќе знаеме дури подоцна, но расходните ставки мораат да претрпат промени уште веднаш со кратење на сите нерационални трошоци и пренамена на средствата за поддршка на стопанството и нашите сограѓани во социјален ризик чиј број секако ќе расте.

Во таа насока предлагаме веднаш на седница на Совет на општината да се донесе одлука со која ќе се спречи натамошно трошење на пари од буџетот за намени кои во еден ваков момент немаат никакво оправдување: патни трошоци, репрезентации, донации и времени вработувања. Не е време ниту за патување, ниту за репрезентации, ниту пак за времени вработувања, во услови кога и оние, прекубројни редовно вработени, заради вонредните околности, оправдано во најголем број не се на своите работни места, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Преку советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги поднесуваме следните предлози, а Градоначалникот заедно со службите да ги разгледа истите и во најкус можен рок да закаже седница на Совет и да се донесат следните заклучоци:

Се задолжува Градоначалникот на Охрид да сопре со трошење на средствата од ставките:

– Привремени вработувања – 17.800.000 денари;

– Други тековни расходи (расходи за репрезентации, семинари, конференции…) – 17.029.000 денари;

– Купување на возила – 5.500.000 денари;

– Патни и дневни расходи – 2.365.000 денари;

Горенаведените средства чиј вкупен износ е 42.694.000 денари да бидат наменети за помош на најпогодените граѓани и стопански субјекти во градот, веднаш по ребалансот кој треба да следи, велат од ОК ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

фото: Архива

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close