ПСС спасила возач кој учествувал на трка со Off-Road мотори

Денес во 12:15 ч. оперативниот центар на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид прими повик од страна на група возачи на планински Off-Road мотори, кои побараа помош за член од групата, кој доживеал несреќа и се стекнал со сериозни повреди на левата натколеница. Местото на несреќата беше лоцирано со помош на GPS координати, по што беше мобилизирана три члена екипа од ПСС, која веднаш се упати на терен. По околу 30 минути Off-Road возење, групата беше лоцирана. И покрај лошите теренски услови, повредениот беше целосно имобилизиран и транспортиран безбедно до специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид, на понатамошен третман. Акцијата заврши во 14:30 ч. со безбедно враќање на тимот во центарот на Планинската Спасителна Служба.

Поради вонредната состојба, која владее во државата, предизвикана од пандемијата со корона вирусот, тимот на ПСС применуваше дополнителни заштитни мерки за време на интервенцијата, а ја користиме оваа прилика, уште еднаш да апелираме до сите љубители на планината, да се воздржат од авантури и да останат дома, заштитувајќи го своето здравје, но и здравјето на останатите служби, кои делуваат во ургентни ситуации. За да не се повторуваме, во продолжение го споделуваме линкот од апелот кој го објавивме на 25.03.2020 година.

Планинската Спасителна Служба е секогаш подготвена да помогне во случај на несреќа, но во овие тешки моменти за човештвото, Ве повикуваме да ОСТАНЕТЕ ДОМА, со што Вие ќе ни помогнете нам.

Со надеж за брзо надминување на кризата и заеднички планински дружби,

извор: Планинска Спасителна Служба при Црвен крст Охрид

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close